Денеска регистрирани 19 пожари на отворен простор — пет се активни
Центарот за управување со кризи: До 18 часот регистрирани 19 пожари на отворен простор — пет се активни, три под контрола, 11 изгаснати.

Денеска до 18 часот на територијата на државава се регистрирани вкупно 19 пожари на отворен простор: пет се активни, три се под контрола, а 11 се изгаснати.
Активни пожари кај Студеничани, Зелениково и на западот
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека активни се пожарите во општините Студеничани и Зелениково. Огнот се шири од селата Моране, Вртекица и Рамни Габер кон кракот за село Палиград, а над селото Вражале во Зелениково гори мешана шума.
Активен е и пожарот кај село Трново во Општина Гостивар, кој се шири кон селата Битово, Заград и Страјане во Општина Македонски Брод. Гореле нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат.
Во Општина Зелениково активен е и пожарот кај село Тисовица, каде гори мешана шума и ниска вегетација. Над село Нежилово во Општина Чашка, во месноста Сватови, гори ниска вегетација и смреки.
Во Општина Ново Село активен е пожарот на депонијата во Ново Село.
Под контрола се пожарите во село Тајмиште, месноста Дарда, во Општина Кичево, каде гори високостеблеста букова шума, како и пожарите на градската депонија „Мелци“ во Кавадарци и на депонијата во Делчево, каде гори ѓубре.
Во текот на денот се изгаснати 11 пожари. Во Општина Желино изгаснати се пожарите во село Желино, каде горела ниска вегетација, меѓи и грмушки, и во село Стримница, каде горела ниска вегетација. Изгаснат е и пожарот во село Одри, Општина Теарце.
Во Општина Македонски Брод изгаснат е пожарот меѓу резерватот „Јасен“ и село Брезница, каде гореле ниска вегетација и борова шума, додека во Општина Кичево е изгаснат пожарот во село Зајас, каде горела ниска вегетација. Во Општина Делчево изгаснати се пожарите во село Ветрен, каде гореле ниска вегетација и мешана шума, и во село Бигла, каде горела одложена кожа во кожарата „Годел“.
Изгаснати се и пожарите во село Виничани, Општина Градско, каде горела ниска вегетација, во село Форино, Општина Гостивар, каде горела ниска вегетација, како и во село Манастирец во Општина Росоман, каде гореле лозови и овошни насади, и во Росоман, каде горела ниска вегетација.
Фото: илустрација / Икс / World News / принтскрин