Депонија се урна во Конакри — загинаа најмалку 30 лица
Куп отпад се урна врз куќи во населбата Дар ес Салам по обилни дождови; спасувачите продолжуваат да бараат преживеани.

Најмалку 30 луѓе загинаа откако куп отпад од голема депонија се урнал врз околните куќи во главниот град на Гвинеја, Конакри, соопшти владата.
Несреќата се случи во населбата Дар ес Салам по обилните дождови во текот на ноќта; повредени се уште 22 лица, од кои шестмина потешко. Постојат стравувања дека бројот на загинатите ќе се зголеми.
Потрага и спасување
Владата соопшти дека биле ангажирани „значителни“ ресурси и бројни припадници на службите, вклучувајќи ја и армијата, во потрагата по преживеани и во извлекувањето на жртвите. Депонијата се урнала околу два часот по полноќ, носејќи огромни количества расфрлан отпад врз густо изградените куќи.
Спасувачите со багери пребарувале низ депонијата додека локалните жители се собирале во близина на местото на несреќата. Една жена за локалните медиуми изјавила дека ги загубила своите пет деца.
Претставникот на населбата, Лансине Сила, за агенцијата изјавил: "Извлековме 18 тела, кои беа пренесени во мртовечницата." Премиерот на Гвинеја, Мамаду Ури Ба, го посетил местото за да ја процени ситуацијата и да ја надгледува потрагата.
Фото: Принтскрин / Јутјуб / Ројтерс