Дерби: Алкалоид — Пелистер во Автокоманда ќе се пренесува само на Јутјуб
Дербито од 11. коло на Супер-лигата в четврток (19.11.2026) во „Автокоманда“ ќе биде достапно единствено на Јутјуб-каналот на Ракометната федерација на Македонија.

Дербито од 11. коло на Супер-лигата помеѓу Алкалоид и Пелистер ќе се одигра во салата „Автокоманда“ во Скопје в четврток, на 19 ноември 2026 година, со почеток во 18:00 часот, но натпреварот нема да биде директно пренесуван на телевизија.
Натпреварот ќе се следи на Јутјуб
За оние кои нема да можат да бидат присутни во салата, средбата ќе биде достапна на Јутјуб-каналот на Ракометната федерација на Македонија. Се очекува силен интерес за дуелот, откако двете екипи се на врвот на табелата.
Ова не е првпат најголемите домашни дерби-натпревари да минуваат без телевизиски пренос. Претходно на истиот начин се следеше и дуелот Вардар–Алкалоид, а слична ситуација имаше и со кошаркарскиот меч меѓу МЗТ Скопје и Работнички.
Пелистер во Скопје доаѓа по големата победа над Гумерсбах, додека Алкалоид по овој дерби-натпревар ги очекува нов европски предизвик: тимот од Автокоманда ќе го пречека Горење Велење во рамките на ЕХФ Европскиот куп.
Со ваквиот развој, дел од спортската публика во земјата останува принудена да се потпира на онлајн преноси и социјални мрежи за следење на најважните домашни натпревари.
Фото: прес-материјал од настанот


