Почетна
Балкан

Дете хоспитализирано по напад на диво животно на плажа во Неос Мармарас

Дете хоспитализирано во солунска болница по напад на диво животно во Неос Мармарас; ловечката федерација алармира за зголемена интеракција со диви животни.

·Балкан
Дете хоспитализирано по напад на диво животно на плажа во Неос Мармарас

Мало дете е хоспитализирано во солунска болница откако било повредено од диво животно, најверојатно чакал, на плажа во Неос Мармарас, на вториот крак на Халкидики. За случајот информираше Ловечката федерација од областа Македонија и Тракија во северна Грција.

Според соопштението, нападот се случил пред неколку дена, а болницата во која се лекува детето ја известила федерацијата дека повредите укажуваат на напад од чакал.

- Случајот предизвикува загриженост, доколку станува збор за чакал, бидејќи ова е вид од дивата фауна со доста плашливо однесување кон луѓето, посочија од Ловечката федерација.

Нови инциденти во истиот регион

Од федерацијата додаваат дека во иста поширока област, пред два дена, од диво животно бил нападнат и 55-годишен маж, кој побарал медицинска помош поради повреда во пределот на вратот.

Истовремено, нагласуваат дека ова не се први вакви настани на Халкидики: во септември 2025 година, петгодишно девојче било нападнато од волк.

Ловечката федерација од северна Грција ја изрази својата загриженост поради последниот напад врз дете и повика на „сеопфатно и координирано справување со зголемената појава на интеракција меѓу дивите животни и луѓето во земјата“.

Фото: Грчка инфо/Фејсбук

Поврзани написи