Дилеми околу дата центрите — политичките конфронтации доминантни пред стручната дебата
Стручни прашања за енергија, ладење и економска исплатливост предизвикуваат полемики меѓу партиите и експертите.

Изградбата на дата центри во Македонија наиде на низа прашања што според експертите треба да се расчистат пред да се оди во реализација, додека темата во јавноста се користи и за партиска конфронтација.
Божидар Симовски, стручњак за сајбер‑безбедност, нагласува дека прво треба јасно да се утврди каков тип и големина на дата‑центар се планира. „прво мора да се знае точно колкава ќе биде инсталираната моќност во конкретниот дата центар, колку често ќе се менуваат серверите, како ќе се напојува со струја, колку ладење ќе биде потребно и дали воопшто ќе има резервен систем ако напојувањето падне.“, вели тој.
Опозицијата посочува дека државата нема ресурси за вакви капацитети и критикува недостаток на транспарентност во преговорите со потенцијалните инвеститори. "„ Не се објав ув аат кои се, не се објавуваат условите под кои на тие компании Мицкоски им ги поклонува водата, земјиштето и огромни количества струја. Нема одговори. Нема имиња. Нема ништо. Мицкоски работи „под радарот“.Не кажува колку струја и колку вода ќе трошат дата-центрите “, вели Маја Борозан од СДСМ“
Власта возвраќа дека идејата за развој на индустријата е оправдана и ги отфрла наводите како стари и неосновани. „Идејата за развој на овој вид на индустрија ја напаѓаат со некои работи кои датираат од повеќе од пред една декада. Сега Македонија е пазарна економија и јасен е начинот на постигнување на цената на струјата и кој ја плаќа истата. Исто така сега има низа на нач и ни за ладење на водата кои зависат од тоа за што се наменети дата центрите. Значи, по овие прашања СДС само шири паника во јавноста “, вели Миле Лефков од ВМРО‑ДПМНЕ.
Експертите предупредуваат дека дата‑центрите се критична инфраструктура без која тешко може да се замисли современото работење, но додаваат дека е неопходно да постои детална стратегија: конкретна намена, јасна техничка и енергетска оценка, дефиниран инвеститор и расчистена економска исплатливост пред почеток на кој било проект.
Дотогаш, велат аналитичарите, јавната дискусија ризикува да остане доминирана од политичките полемики, наместо од стручна дебата која ќе даде конкретни технички решенија.
Фото: прес-материјал од настанот