Почетна
Политика

Димитријевиќ: Да се истражи дали бомбата кај полициски службеник е поврзана со провизии од 300.000 евра

СДСМ побара обвинителска проверка по бомбашкиот напад пред домот на полициски службеник и тврдењето за провизии од 300.000 евра.

·Политика
Димитријевиќ: Да се истражи дали бомбата кај полициски службеник е поврзана со провизии од 300.000 евра

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, денеска побара Основното јавно обвинителство да постапи откако, како што рече, во неделата била фрлена бомба пред домот на Милко Бошковски во Бардовци. Димитријевиќ посочи дека Бошковски е вработен во Министерството за внатрешни работи во отсек за организиран криминал и побара објаснување за настанот.

Пратени прашања и обвиненија

На прес-конференцијата тој упати критики и до ресорниот министер, Панче Тошковски, и рече дека ова не е обичен безбедносен инцидент, отворено прашувајќи зошто настанот се крие од јавноста.

„Бошковски е директно поврзан со кумот на премиерот Христијан Мицкоски. Ова не е обичен безбедносен инцидент. Прашњето е зошто се крие од јавноста овој настан“, истакна Димитријевиќ кој упати обвин увања и кон ресорниот министер, Тошковски.

Тој директно ја нападна и работата на министерот, поврзувајќи ја аферата со наводни бизнис-дилови и провизии: „Панче Тошковски глуми експерт за вода, за хиперхлорирање, за чистење водоводи, прави се само не си ја работи својата работа. Каде е да каже зошто кај вработени во МВР и поврзани со кумот на премиерот Мицкоски се фрлаат бомби? Информациите кои свиркачите ги доставија до нас водат до основани сомненија дека причината е нереализиран бизнис дил со провизии“, додаде Димитријевиќ на прес конференцијата.

Димитријевиќ побара Јавното обвинителство да ги истражи конкретните наводи: „Дали е во прашање провизија – мито од 300.000 евра за бизниси и тендери? Каде требало да завршат 300.000 евра? Дали има некаква врска со тендери во РЕК и со градежно атрактивно земјиште во Скопје? Панче Тошковски да одговори со што се занимаваат неговите вработени? Дали е точно дека истиот овој полициски службеник бил и претходно пријавен во Јавно обвинителство за барање мито од 200.000 евра од поранешен градоначалник?

Во завршниот дел од настапот, тој повторно ја повика Обвинителството да отвори истрага, да ги провери наводите од свиркачите и јавно да ги соопшти резултатите за да се утврди дали зад нападот и сомнежите за корупција стојат одговорни лица.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи