Дисциплинска комисија при ФФМ: Вардар казнет со 3.000 евра и еден меч без публика
Дисциплинската комисија при ФФМ изрече казни и суспензии по инцидентите и пропустите на натпреварите во државниот шампионат.

Дисциплинската комисија при Фудбалската Федерација на Македонија на седницата одржана на 10.09.2026 донесе низа одлуки поврзани со инцидентите и организациските пропусти на натпреварите од Првата лига и мечевите одиграни на фудбалските комплекси на ФФМ.
Најголема санкција: Вардар — парична казна и натпревар без публика
Како една од најзначајните мерки, актуелниот шампион ФК Вардар е казнет со парична казна од 3.000 евра и со мерка — еден домашен натпревар без присуство на публика поради лоша организација и нереди што доведоа до прекин на дуелот против Арсими, одигран на комплексот „Петар Милошевски“. Во одлуката е посочено и дека таа иста навивачка група јавно истапи во критика на раководството на клубот и на половина од второто полувреме го напушти натпреварот како протест.
ФК Башкими 1947 беше сериозно погоден со индивидуални санкции по инцидентите на мечот против ФК Скопје, исто така одигран на терените на ФФМ. На фудбалерот Габриел Тенелеп му е изречена забрана за настап на три натпревари, додека на Биљал Исени и Бесјан Алију им е изречена забрана за настап на по два натпревари.
Во другите одлуки: на Методи Максимов од ФК Брегалница 2008 му е изречена забрана за настап на еден натпревар; на Енис Фазлагиќ од ФК Шкендија Арачиново — забрана за настап на два натпревари; а на Ислами Дрилон од ФК Шкендија — забрана за настап на еден натпревар. Фудбалерот Омер Сулејмани од ФК Македонија ЃП 1932 е суспендиран за еден натпревар.
Тренерот на ФК Шкупи 1927, Исмаил Ферди, доби забрана за вршење функции во траење од два натпревари, додека на Иван Варадиноски му е изречена забрана за вршење функции во траење од еден месец. На фудбалерот на ФК Детонит Плачковица, Рифадов Асан, и на фудбалерот на ФК Влазними Јуниор, Мемедоски Бујамин, им е изречена забрана за настап на по два натпревари.
Дополнително, Дисциплинската комисија поведе дисциплинска постапка против Дурим Хида поради недолично однесување на натпреварот ФК Скопје – ФК Башkimi 1947. Постапка е поведена и против претставникот на ФК Башkimi 1947, Ергин Шерифи, поради вербална расправија и недолично однесување со судиите. На административниот работник на Башkimi, Бесим Мустафи, му е изречена забрана за вршење функции во траење од еден месец.
Фото: прес-материјал од настанот


