Почетна
Македонија

Дизелот поскапува за пет и пол денари, а бензините поевтинуваат за 1,5 денари — цената на горивата на дневен ред на утрешната владина седница

Дизелот поскапува за пет и пол денари од полноќ, додека бензините бележат пониски цени; цените на дериватите на дневен ред на Владата.

·Македонија
Дизелот поскапува за пет и пол денари, а бензините поевтинуваат за 1,5 денари — цената на горивата на дневен ред на утрешната владина седница

Од полноќ стапуваат во сила нови цени на дериватите: дизелот поскапува за пет и пол денари и ќе чини 104,5 денари по литар, додека безоловниот 95‑октански бензин ќе биде поевтин за 1,5 денари и ќе се продава за 99 денари. 98‑октанскиот бензин ќе се продава по цена од 101 денар.

Екстра лесното гориво поскапува за пет денари и сега ќе се продава по цена од 114,5 денари. Како единствена активна мерка за ублажување на ценовниот шок Владата ја има намалувањето на ДДВ‑то од 18 на 10 проценти. Минатата недела не се разговарало за воведување нови мерки, ниту пак е контактирана ОКТА за евентуален попуст како што имаше претходно. Очекувањата се дека на утрешната владина седница цените на дериватите ќе бидат една од точките на дневен ред.

„Го намаливме ДДВ-то на 10 проценти. Дискутираме, гледаме и ќе се консултираме на ниво на Влада. Влада имаме во вторник, ќе видиме како понатаму. Ќе мора да разгледаме кои се и фискалните импликации врз буџетот. Како што знаете, може да има и други намалувања. Тоа постои како мерка, Министерството за финансии ги прави фискалните мерки и ги донесува заедно на Влада. Не сме почнале, меѓутоа ако ситуацијата ескалира и понатаму, ќе ги преземеме сите мерки за да го ублажиме ризикот кон граѓаните“, рече  Сања Божиновска, министерка за енергетика

Пад на светските цени на нафта

Цените на суровата нафта паднаа на најниско ниво во последните десетина дена откако се зголемија надежите дека дипломатските напори во рамките на Генералното собрание на ОН би можеле да отворат пат кон деескалација на конфликтот со Иран, и по делумното обновување на испораките на саудиска нафта низ Ормутскиот Теснец, чиј дневен просек достигнува и до 2,9 милиони барели во споредба со околу 700.000 барели во август.

Фјучерсите на нафтата Brent поевтинија за 2,16 долари, односно 2,08 проценти, на 101,71 долар за барел, додека американската нафта WTI поевтини за 2,15 долари, или 2,14 проценти, на 98,15 долари за барел.

Огнен Чанчаревиќ

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи