Џака призна дека ја фалсификувал потврдата за вакцинација, нема да игра за Швајцарија
Џака призна дека добил лажна потврда за вакцинација и ќе отсуствува од репрезентацијата додека трае истрагата.

Капитенот на Швајцарија, Гранит Џака, јавно призна дека ја фалсификувал потврдата за вакцинација против Ковид-19 и привремено нема да биде дел од репрезентацијата додека трае кривичната постапка.
Џака во објава на социјалните мрежи ја прифати вината, се извини и порача дека ќе соработува со надлежните органи додека се расветлуваат фактите.
Полицијата уапсени документи и одлука за репрезентацијата
Обвинителството покрена кривична постапка во врска со сомневања за фалсификувани сертификати за вакцинација. Швајцарската полиција во 2023 година ја претресе лекарската ординација во Луцерн и заплени голема количина документација во рамки на истрага дека голем број лица можеби добиле лажни потврди.
Поради истрагата, Џака — кој беше капитен на швајцарската репрезентација — нема да се приклучи на националниот тим за претстојните натпревари, што значи дека нема да игра против Македонија во Лигата на нации. Одлуката, според соопштението, е донесена заеднички од Џака и Фудбалската асоцијација "во најдобар интерес на репрезентацијата".
Во објавата Џака го објасни своето однесување од тоа време: „Многу работи беа објавени во изминатите неколку дена за еден настан од моето минато. Би сакал да дадам јавна и лична изјава за тоа. Во тоа време, во времето на пандемијата на коронавирусот, а во врска со вакцинацијата, лично бев многу несигурен за тоа и бев сериозно загрижен. Имав длабока недоверба кон вакцината и бев навистина исплашен и несигурен. Во таа ситуација на зголемени емоции, го добив сертификатот за вакцинација наместо да барам одговори на прашањата што ме мачеа на правилен начин. Денес јасно гледам дека не беше правилно, дека не постапив правилно. Тоа беше грешка. И ми е жал. Ја преземам одговорноста за оваа одлука и во текот на постапката ќе дадам се од себе да ги разјаснам сите факти, целосно ќе соработувам со надлежните органи“ , рече Џака.
Во септември 2021 година Џака го пропушти собирот на репрезентацијата бидејќи беше позитивен на тестот за коронавирус, што претходно беше наведено во извештаите за неговото однесување за време на пандемијата.
Фото: прес-материјал од настанот


