Џамбазов во фотосесија на Стар Дојран за Ивана Кнез
На брегот на Дојранското Езеро, Џамбазов и Ивана Кнез создадоа фотографии полни со емоција и хумор.

Македонскиот шоумен, глумец и уметник Игор Џамбазов повторно предизвика внимание, овојпат како модел во новата фотосесија на модната дизајнерка Ивана Кнез, реализирана на брегот на Стар Дојран.
Со препознатливиот дојрански пејзаж — Дојранското Езеро и зајдисонцето во позадина — овој уметнички тандем создаде фотографии полни со емоција, елеганција и доза на карактеристичен хумор.
Страст, црвен фустан и непресушна енергија
На фотографиите, Ивана Кнез блеска во раскошен црвен фустан со длабок шлиц што ја истакнува нејзината женственост, додека Џамбазов позира во елегантно-лежерен стил — бела кошула, црни панталони и неговите препознатливи очила за сонце. Покрај поставените пози покрај водата, се забележуваат и позабавни моменти: Џамбазов си игра со камен во раката, има смешни пози во езерската вода и спонтани сцени со Ферхунде која им се придружи на брегот.
Поводот за фотосесијата дизајнерката го опиша со емотивна порака до следачите: „Стареам со страст посветено на генерации што бираат да се гласни во едно време што бира да молчи. Благодарам Маестро што си дел од оваа фотосесија. Ни подари еден незаборавен ден “. Фотографиите за кратко време собраа илјадници лајкови.
Во својот духовит тон, Кнез додаде и предупредување: „Пред употреба внимателно прочитајте го упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите ефекти на овие фотографии консултирајте се со вашата комшика или најблискиот трач конзулат.“ Оваа неочекувана модно-уметничка соработка уште еднаш потврди дека харизмата и вистинскиот стил немаат години.
Фото: прес-материјал од настанот


