Почетна
Македонија

Џеф Кроненвет добитник на Златна камера 300 на 47. ИФФК „Браќа Манаки“

Американскиот кинематографер ќе биде чест на отворањето на 47. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола (19–25 септември).

·Македонија
Џеф Кроненвет добитник на Златна камера 300 на 47. ИФФК „Браќа Манаки“

Американскиот кинематографер Џеф Кроненвет, познат по трилерите и по соработките со режисерот Дејвид Финчер, меѓу кои „Боречки клуб“, „Социјална мрежа“, „Исчезната девојка“ и „Девојката со тетоважа на змеј“, ќе ја прими наградата „Златна камера 300“ за особен придонес во светската кинематографија.

Признанието ќе му биде врачено на отворањето на 47. ИФФК „Браќа Манаки“, кој ќе се одржи од 19. до 25. септември во Битола, соопштија организаторите на фестивалот.

Отворање и затварање со македонски копродукции

"Човек кој што е познат по тоа дека умешно ја користи светлината, но повеќе е познат по тоа што ја користи темнината, односно сенките. Човек , кој што во Битола ќе ја донесе атмосферата на трилерот, рече Димитрија Доксевски, директор на ИФФК „Браќа Манаки “.

Фестивалот ќе биде отворен и затворен со филмови во кои Македонија е еден од копродуцентите; двете остварувања ќе имаат домашни премиери во Битола по успешните гостувања и награди на светските филмски фестивали. Филмот со кој ќе се отвори „Браќа Манаки“ е „Скејтањето не е за девојчиња“, во режија на Дина Дума и на кинематограферот Фредерик Ноаром. Филмот на затворањето е дебитантското остварување на Срѓан Јаниќијевиќ „Нема да верувате што се случи претходно“, чијшто кинематографер е Дејан Димевски, кажа Слаѓан Пенев, селектор на главната филмска програма.

Овие две филмски позиции се дел од главната програма составена од вкупно 12 остварувања. Меѓу нив е и филмот на Висар Морина „Срам и пари“. Во документарната програма ќе бидат прикажани 10 филма од регионот, Европа, Блискиот Исток, Африка и Северна Америка — одбрани со цел да ја прикажат разновидноста на визуелниот израз во документарниот филм, рече селекторката Кумијана Новакова.

Програмата за кратки филмови вклучува 15 остварувања, меѓу кои и „Никола, Никола“ на Леон Ристов и Самир Љума. Во студентската програма се прикажуваат 14 филма; еден од нив е „Езерото“ на Софија Христовска. Во рамките на фестивалот ќе се одржат панели и мастеркласови со истакнати кинематографери од светот.

За поттикнување на посетеноста меѓу младите, билетите за студентите и средношколците ќе се нудат со 50% попуст.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи