Џон Изнер: Не е фер да го отпишуваат Новак Ѓоковиќ
Изнер смета дека е прерано да се отпише 39-годишниот Ѓоковиќ пред Австралија опенот во 2027.

Поранешниот американски тенисер Џон Изнер го оспори тврдењето на својот сонародник Стив Џонсон дека Новак Ѓоковиќ веќе не е конкурентен за освојување на најголемите турнири.
Изнер ја ублажува критиката
Во подкастот Nothing Major, Џонсон — поранешен 21. тенисер во светот — даде директна проценка за 39-годишниот Србин: "Ќе бидам искрен, бев оптимист кога станува збор за Новак во текот на изминатите неколку недели, но сега за мене работите се официјални – Ѓоковиќ повеќе не е во конкуренција за освојување на ниту еден голем турнир", порача Џонсон.
Изнер признава дека годините се чувствуваат врз резултатите, но смета дека е прерано да се отпише Ѓоковиќ пред Австралија опенот.
"Не мислам дека тоа е фер. Сметам дека на тие години е тешко да се врзат добри резултати. Тоа го видовме за време на азиската турнеја. На 39 години телото едноставно повеќе не може да го издржи сето она што можело порано, дури ни телото на Новак. Но, кога ќе се фокусирате на еден турнир, кога сте целосно посветени на него и кога имате многу адреналин, ситуацијата може да биде поинаква", објасни Американецот.
Поранешниот осми тенисер во светот не го отфрли целосно мислењето на Џонсон, но потсети дека Ѓоковиќ наскоро се враќа на својот најуспешен грен-слем.
"Тоа што го зборуваш воопшто не е бесмислено, иако не мислам дека е точно. Сепак, би сакал малку да ја ублажам твојата изјава, бидејќи Новак за два месеци ќе игра на својот омилен грен-слем турнир, во Австралија", заклучи Изнер.
Ѓоковиќ во текот на кариерата дури десет пати го освојувал Австралија опенот, а Мелбурн, на почетокот на 2027 година, ќе биде неговата следна голема можност повторно да се вклучи во борбата за грен-слем трофеј.
Фото: прес-материјал од настанот


