Додека славеше победа над Порто, крадци ја испразниле куќата на Антони
Антони вели дека ограбувањето се случило додека тој настапуваше додека Бетис ја славеше победата над Порто во ЛШ.

На 15.10.2026, додека Бетис славеше голема победа во Лигата на шампионите против Порто, бразилскиот крилен напаѓач Антони дозна дека неговиот дом во Севилја бил ограбен.
Провалата се случила за време на натпреварот
Додека Антони настапуваше на теренот против Порто, непознати сторители влегле во неговата куќа во Севилја и ограбија лични предмети. Нападот го потврди самиот фудбалер преку објава на социјалните мрежи.
„Вечерта што требаше да биде прекрасна се претвори во вечер на гнев, тага и фрустрација. Ми ја ограбија куќата“ , напиша Антони.
Фудбалерот посебно нагласи дека најтешко му пада не материјалната загуба, туку нарушеното чувство на сигурност кај неговото семејство: „Најмногу ме погодува не само материјалната загуба, туку и чувството на несигурност на местото каде што треба да се чувствуваме најзаштитени. Тешко е кога во очите на семејството го гледате стравот што го предизвикува ваква ситуација“, порача Бразилецот.
Објавата на Антони ја покажа контрастот помеѓу спортскиот успех на теренот и тревожната лична драма што ја доживеа неговото семејство додека тој го прославуваше триумфот.
Фото: Real Betis Balompié 🌴💚 @RealBetis (X)


