Док Риверс: „Јанис нема висок кошаркарски IQ“
Поранешниот тренер на Милвоки вели дека Јанис често напаѓа директно и не ги спроведува договорените акции, што отежнувало работа.

Поранешниот тренер на Милвоки Бакс, Док Риверс, зборуваше за предизвиците со кои се соочувал додека го водел тимот и конкретно за потешкотиите поврзани со играта на Јанис Адетокумбо.
Риверс го посочи темпото и навиката на директни продори како проблем
Тој укажа дека навиката на грчкиот кошаркар постојано да оди директно кон кошот и понекогаш да не ги спроведува договорените акции ги отежнувале неговите тренерски напори. „Не е лесно да се работи со него бидејќи игра со неверојатно темпо и постојано оди директно кон кошот. Некому му реков: тој е одличен асистент, но тоа не значи нужно дека има исклучително висок кошаркарски коефициент на интелигенција. Тоа е чудна комбинација“, изјави Риверс.
Риверс додаде дека Адетокумбо најчесто игра на еден начин. „Во најголем дел игра на еден начин: оди директно кон кошот и форсира, форсира, форсира. Во секој напад сака да оди на сила. Понекогаш посакував подобро да ги спроведува договорените акции“, рече тој.
Тренерот го спореди Јанис со играчи од американскиот младински ААУ-систем, кои навикнале сами да ги решаваат нападите бидејќи во младите категории биле најдобрите играчи и често немале потреба од воиграни акции.
Риверс истакна дека му кажал на Јанис колку е важно да се почитуваат договорените акции и да се работи на тоа на тренинзите и пред натпреварите. „Му реков на Јанис дека сè уште треба да научи колку е важно да се спроведуваат договорените акции. На тренингот, како и на шутерскиот тренинг пред натпреварот, мора да бидеш целосно фокусиран на тоа. Сега има тренер кој е меѓу најдобрите во таа област и тоа е добро за него“, рече Риверс.
Во заклучок, Риверс нагласи дека поединечниот квалитет не е доволен за да функционира екипата. „Многу играчи размислуваат: ‘Тоа не ми треба, можам сам да го направам’. Можеш, но за да функционира екипата, мораш да научиш да го одиграш она што е договорено“, подвлече тој.
Фото: Miami HEAT @MiamiHEAT (X)


