Почетна
Свет

Долгот по кредитни картички во САД достигна 1,26 билиони долари

Податоците на Федералните резерви покажуваат пораст од 21 милијарда за три месеци и зголемен дел на доцнења над 90 дена.

·Свет
Долгот по кредитни картички во САД достигна 1,26 билиони долари

Долгот на Американците по основ на кредитни картички достигнал 1,26 билиони долари во вториот квартал од годинава, приближувајќи се до рекордните 1,28 билиони долари забележани на крајот од минатата година.

Според податоците на Федералните резерви, за три месеци долгот се зголемил за 21 милијарда долари, а економистите овој раст го поврзуваат со високата потрошувачка и порастот на цените на храната, горивото и другите основни производи.

Уделот на долговите по картички кои доцнат повеќе од 90 дена порасна од 7,6 отсто во средината на 2022 година на 12,8 отсто на почетокот од оваа година, што укажува на засилено финансиско оптоварување кај одреден број домаќинства.

Структура на вкупниот долг

Вкупниот долг на американските домаќинства достигна 18,8 билиони долари. Најголем дел од него го чинат хипотеките – 13,12 билиони долари, потоа кредитите за автомобили – 1,71 билиони (што е нов рекорд), па студентскиот долг – 1,65 билиони долари и кредитните картички.

Економистите предупредуваат дека комбинацијата од повисоки трошоци за живот и натамошно задолжување може да ја осетат платежната способност на домаќинствата, особено ако се задржат повисоките каматни стапки или ако приходите забават.

Фото: EPA-EFE/DAN PELED / илустрација

Поврзани написи