Дронови погодиле два брода кај брегот на Бугарија — еден потона
Нападот се случи околу 03:00 во ЕЕЗ на Бугарија источно од Бјала; 18 членови на екипаж спасени од вториот брод.

Дронови ги погодиле два комерцијални брода во Црното Море покрај брегот на Бугарија, при што еден од нив потонал. Во тек е потрагата по посадата на потонатиот брод.
Нападите се случиле околу 03:00 часот по локално време, околу 130 километри источно од градот Бјала, во експлузивната економска зона на Бугарија, рече Румен Радев. „Екипажот на бугарскиот траект ‘Диоскурија‘, кој се наоѓал во областа, видел експлозија на првиот брод и отпловил кон местото на настанот. Тие пронашле превртен чамец и елеци за спасување, но никого од екипажот“, изјави тој.
Властите не соопштиле колку лица се на бродот кој потонал.
„Другиот брод се запалил, а сите 18 членови на екипажот биле спасени од ‘Диоскурија‘. Единаесет се Турци, а седум Индијци“, додаде Радев. „Двајца од нив се повредени. Воен брод ги собрал и ги однел на лекување во Варна“, изјави министерот за одбрана Димитар Стојанов.
Сигнали за помош и идентификација
Двата брода испратиле сигнали за помош во текот на ноќта, а еден исчезнал од радарот на граничната полиција околу 09:00 часот по локално време. Потонатиот брод е именуван како „Алфа Ватан“, пловел под знамето на Того и се движел кон Романија. Вториот брод е означен како „Абл“ со знаме на Палау. Товарот на потонатиот брод сè уште не е познат.
Радев го нарече нападот „апсолутно неприфатлив“, но не кажа кој ги лансирал дроновите. Во тек се операции за потрага и спасување со морски и воздушни средства.
Фото: Веселфајндер)


