Душан Влаховиќ официјално нов играч на Бешикташ
Српскиот напаѓач договори трансфер од Јувентус и се очекува да пристигне во Истанбул оваа недела.

Готово е: Душан Влаховиќ постигна договор со Бешикташ и наскоро ќе биде претставен како ново засилување на истанбулскиот гигант.
Веста прв ја објави турскиот инсајдер и новинар Јагиз Сабунгзуонглу кој напиша: „Бомбата беше фрлена“. По него, информацијата брзо ја потврдија голем број турски спортски портали. Според тие медиуми, Влаховиќ се очекува да слета во Истанбул веќе во среда, а претседателот на Бешикташ, Сердал Адали, наводно вечерва е на пат за Белград.
Кариера и долгогодишни шпекулации
Српскиот напаѓач пристигна во Јувентус од Фиорентина во 2022 година и од тогаш секое лето неговото име често беше поврзувано со трансфер во некој од големите европски клубови — Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Барселона, Арсенал и други.
До денес тие шпекулации не резултираа со трансфер, но во летото 2026 година преговорите со Бешикташ траеја со недели и ја држеа фудбалската јавност во неизвесност за тоа каде ќе продолжи кариерата на Влаховиќ.
Според објавените информации, договорот е постигнат и српскиот репрезентативец ќе го напушти Јувентус за да го носи дресот на истанбулскиот тим. Очекувањето е официјалното претставување да следи откако ќе се завршат формалностите и по пристигнувањето во Истанбул.
11.08.2026 21:35. фото: H @HQpcrt (X)
Фото: H @HQpcrt (X)