Почетна
Македонија

Двајца уапсени по драматична потера во Скопје — обвинети за продажба на дрога и попречување службени лица

Полицијата запрела „БМВ“ на Црногорска, лице одвозачот удрил во бандера, а од совозачката страна му бил одземен службениот пиштол на полициски службеник.

·Македонија
Двајца уапсени по драматична потера во Скопје — обвинети за продажба на дрога и попречување службени лица

Двајца млади се уапсени по драматична потера во Скопје која заврши откако „БМВ“-то во кое се наоѓале удри во банкина на автопатот Скопје – Тетово и се преврте. Инцидентот, според МВР, започнал околу 20:25 часот на улицата Црногорска, по оперативни сознанија дека во возилото ќе се изврши купопродажба на марихуана.

Откако полицијата дала знак за запирање и се приближила за легитимирање и преглед, возачот тргнал, удрил во бандера, а од возилото била фрлена кеса со марихуана. Еден од полициските службеници го извлекол службениот пиштол и од совозачката страна, од полуотворениот прозорец, издал наредба: "стој полиција". Во тој момент лицето од совозачката страна му го одзело службениот пиштол на полицискиот службеник, а возачот го стартувал автомобилот и побегнал.

Полицијата тргнала во потера по „БМВ“-то, кое со голема брзина се движело по улицата Ѓорче Петров кон автопатот, игнорирајќи ги светлосните и звучните знаци од полицијата. Во текот на потерата еден полициски службеник испукал три предупредувачки проекта во воздух.

Кривични пријави и истрага

Потерата завршила кога возилото удрило во банкина на автопатот и се превртело. Од автомобилот излегле возачот P.A. (24) и совозачот E.P. (21), кои биле лишени од слобода. Одземениот службен пиштол е пронајден, а по пребарување на теренот била пронајдена и кесата со марихуана.

Денеска, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, од Министерството за внатрешни работи е поднесена кривична пријава против двете лица за спречување службено лице во вршење службено дејствие (член 382) и за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги (член 215 од Кривичниот законик). Против М.Т., за кого постојат сознанија дека е поврзан со случајот, е поднесена посебна пријава за дело поврзано со наркотични дроги.

За случајот е известен и Одделот за внатрешна контрола при МВР, кој презема мерки за утврдување дали во постапувањето на полициските службеници имало евентуални неправилности.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи