Почетна
Македонија

Едно и пол годишно дете нападнато од улично куче во Шуто Оризари, три дена на Интензивна

Детето беше нападнато додека јадело во дворот; адвокатот вели дека животното е уште на улицата и ќе поднесе тужба против Град Скопје.

·Македонија
Едно и пол годишно дете нападнато од улично куче во Шуто Оризари, три дена на Интензивна

Едно и пол годишно дете било нападнато и сериозно повредено откако улично куче влегло во дворот на семејната куќа во населбата Шуто Оризари, тврди адвокатот на семејството Емран Исмаил. Тој, со дозвола на семејството, ја споделил и фотографијата од здравствената состојба на детето.

Нападот

Според Исмаил, детето седело во дворот со мајка си и јадело виршли кога агресивно куче кое се шетало по улицата ја прерипало оградата, влегло во дворот и му се нафрлило на детето, гризејќи го по лицето и телото. Малиот поминал три дена на Интензивна нега, а подоцна бил пуштен на домашно лекување, но со сериозни повреди.

„Ваков случај не треба да се остави да помине незабележано, пред се бидејќи детенцето има една ипол година и овој напад од кучето страшно му ја влоши здравствената ситуација. Додека седеле во нивниот двор и ручале, кучето преку оградата скокнало. Малечкиот јадел виршли. Мајката се обидела да го заштити детето но кучето директно скокна врз детето и го распарчи. Кучето ја прерипува оградата, мајката почнува да го брка и кучето одеднаш гледајќи го детето дека јаде – го напаѓа. Доаѓа таткото и не може да го откачи кучето од лицето на детето,“ изјави Исмаил.

Адвокатот посочи дека кучињава и понатаму се гледаат на улиците и дека службите не го отстранале животното. Тој додаде дека градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, не одговорил на повиците и пораките со прашање дали кучето е отстрането од населбата.

Исмаил најави дека прво ќе поднесе тужба против Град Скопје, посочувајќи дека во пракса ваквите случаи често остануваат нерешени. Тој рече дека многу пати пријавувал слични случаи, но без реакција, и дека на Фејсбук упатил апел до граѓаните за колективно тужба, но нема голем интерес.

Семeјството следи понатамошни медицински препораки и состојбата на детето ќе биде следена од здравствени професионалци.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи