Почетна
Свет

Експлозии во центарот на Атина, рачни гранати фрлени врз две продавници

Два напада рано утрово во центарот на Атина; полицијата вели дека нема повредени.

·Свет
Експлозии во центарот на Атина, рачни гранати фрлени врз две продавници

Експлозии одекнаа во центарот на Атина уште рано денеска откако рачни гранати беа фрлени врз две продавници, а грчката полиција соопшти дека нема повредени.

Првиот напад се случил во 4:25 часот наутро, кога рачна граната била фрлена врз продавница за здрава храна во Ахарнон; во продавницата во тој момент се наоѓал и обезбедувач од сириско потекло.

Вториот напад бил регистриран во 4:55 часот наутро во областа Агиос Пантеиламонас, кога непознат сторител фрлил експлозивна направа врз бар во сопственост на Сириец.

На местата работат полиција и истражители

Полицијата потврди дека во ниту еден од нападите нема повредени. На местата на инцидентите пристигнале полициски и форензички екипи за прибирање докази и утврдување на видот на употребените направи.

Истрагата е во тек со цел да се идентификуваат сторителите и да се утврди мотивот; засега нема информации за уапсени.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи