Елена Јовческа го прослави 37-миот роденден со најмилото
Пејачката се заблагодари на честитките и претходно прослави и прв роденден на својата ќеркичка.

Познатата фолк-пејачка и гајдаџика Елена Јовческа го прослави својот 37-ми роденден во домашна, топла атмосфера — во прегратка на својата мала ќеркичка и пред раскошна роденденска торта.
На фотографијата на својот Инстаграм профил, насмеаната пејачка позира со наследничката додека прима честитки од пријателите, колегите и следбениците. Таа им се заблагодари со искрена порака: "Благодарам од срце на сите што ми го честитавте роденденот "
Семејството имаше двоен повод за радост – само неколку дена претходно Елена го обележа и првиот роденден на својата ќеркичка. На фотографии од прославата малечката се гледа покрај шарена торта и свеќичка со бројот „1“, а мајката ја испрати и пораката: "Happy birthday najmilo moe "
Брз повраток на сцената по породувањето
Во јавни настапи Елена откри дека имала природно породување и дека веќе еден месец по породувањето се вратила на музичките настапи. Таа нагласи дека останала активна, правилно се хранела и не се оптоварувала со вишок килограми.
Дури и за време на бременоста настапувала на свадби, а понекогаш носела тешка мариовска носија додека свирела на гајда. Денес, меѓу бројните настапи, таа ужива и во секојдневните мајчински моменти со својата наследничка.
Фото: прес-материјал од настанот


