Почетна
Магазин

Елеонора Мустафовска се огласи: „Вината не е кај 48-те деца“

Елеонора Мустафовска се огласи по фотографиите од руинираната куќа на Есма и ги демантираше обвинувањата против посвоените деца.

·Магазин
Елеонора Мустафовска се огласи: „Вината не е кај 48-те деца“

По потресните снимки од руинираната куќа на Есма Реџепова и бурните реакции во јавноста, нејзината единствена ќерка, Елеонора Мустафовска, се огласи и ги демантираше обвинувањата упатени кон децата на Есма. Во својот емотивен јавен настап таа истовремено изрази поддршка за својот брат Симеон Атанасов.

Во објавата Мустафовска напиша: „Како нејзина ќерка, не по крв, туку по љубов, живот и сè што Есма ми даде, чувствувам потреба јасно да кажам: сè што е напишано во овој текст е точно. Есма нè сакаше, нè воспитуваше и се грижеше за нас како за свои. Затоа денес боли кога токму ние, нејзините деца, сме обвинувани за нешто врз кое немавме ниту пристап, ниту право да одлучуваме. Прашањата за имотот треба да им се постават на оние кои имале пристап, а не на нејзините деца. Јас ќе стојам зад вистината, како што таа нè научи“.

Изјавата следеше по објаснувањето на нејзиниот брат Симеон Атанасов дека посвоените деца по смртта на мајка им немале ниту клуч, ниту правна можност да влезат во имотот, и дека токму тоа треба да се расчисти во јавната дебата.

Кратка биографија: од придружен вокал до сопствена кариера

Елеонора Мустафовска е последното дете што Есма го посвои во 2012 година. Освен 47-те синови кои Есма ги одгледа со Стево Теодосиевски, таа во подоцнежните години од животот посака покрај себе и женско дете.

Елеонора студираше соло пеење на универзитетот ЕСРА во Скопје и бргу стана дел од придружниот бенд на Есма. Во 2013 година настапи како придружен вокал заедно со Есма и Влатко Лозаноски на Евровизија во Малме, Шведска. По смртта на Есма, таа продолжи да се занимава со музика под уметничкото име Малиша и во меѓувреме стана мајка.

На социјалните мрежи Елеонора плени со својот изглед, стил и харизма; многумина велат дека во нејзините очи и насмевка се чувствува топлината што ѝ ја пренесе нејзината мајка. За односот кон Есма таа порано кажа: „Нејзиното заминување ме растажува до болка. И понатаму верувам дека таа ме чува од небото и дека се радува што продолжив по нејзините стапки“.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи