Елиф Елмас исклучен во последната минута — Аталанта 3:1 над Венеција
„Дијамантот“ даде асистенција од корнер, но беше исклучен по тежок старт во завршницата на мечот на 12.10.2026.

Екипата на Аталанта на свој терен ја победи Венеција со 3:1, во натпревар одигран на 12.10.2026. Во стартната поставеност на тимот од Беграмо се најде и Елиф Елмас.
"Дијамантот" асистираше за еден од головите — Крстовиќ го заврши погодокот по корнер изведен од Елмас.
Исклучување во завршницата
Сè беше во ред до последната минута, кога Елмас од само нему познати причини изведе крвнички старт над еден од противничките играчи. За тој потег доби најпрво жолт картон, а по проверката од ВАР и директно исклучување.
И покрај тоа што Аталанта остана со играч помалку во завршните моменти, домашниот тим успеа да ја задржи предноста и да ја забележи победата со 3:1.
Фото: прес-материјал од настанот


