Почетна
Спорт

Енис Барди суспензија од два меча поради директен црвен картон

Капитенот на Македонија ќе ги пропушти следните два официјални настапи на Конијаспор по исклучувањето од 29 август.

·Спорт
Енис Барди суспензија од два меча поради директен црвен картон

Капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди, доби суспензија од два натпревара поради црвениот картон во последната рунда на турската Суперлига.

Дисциплинската комисија на Турската фудбалска федерација го санкционира Барди поради сериозен прекршок врз противнички играч. Барди доби директен црвен картон на натпреварот против Коџаелиспор на 29 август.

Дисциплинска одлука

По донесената одлука, Барди ќе ги пропушти следните два официјални натпревари на Конијаспор. Казната важи за официјалните натпревари во рамките на клупскиот календар.

Инцидентот случен во последното коло резултираше со непосредно исклучување од страна на судијата, а по средбата случајот беше разгледан од страна на федералниот дисциплински орган.

Енис Барди, кој е капитен на македонската репрезентација, ќе биде отсутен од клупските настапи додека трае суспензијата.

Сашо Кузмановски

Фото: Radyospor @radyospor (X)

Поврзани написи