Почетна
Македонија

Епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна; нема нови потврдени случаи на западнонилска треска

На 1 август регистрирани се 57 први прегледи; нема нови хоспитализации и нема нови лабораторски потврдени случаи на западнонилска треска.

·Македонија
Епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна; нема нови потврдени случаи на западнонилска треска

Министерството за здравство соопшти дека епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна и дека нема пријавени нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска.

„Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Во текот на 1 август се регистрирани вкупно 57 први прегледи, што е за три помалку во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 60 прегледи. Нема нови хоспитализации. Заклучно со 1 август, регистрирани се вкупно 1.041 формална пријава за заразна болест и изработени се 734 нови епидемиолошки анкети“, се вели во соопштението.

Податоци за западнонилската треска

Оттаму додаваат дека до Институтот за јавно здравје не се пријавени нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска. Во Македонија 13 случаи на западнонилска треска, тројца пациенти се во критична состојба.

Министерството посочува дека дејствува во координација со Институтот за јавно здравје и другите надлежни установи за постојано следење на состојбата.

„Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје и другите надлежни установи, продолжува внимателно да ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за сите нови сознанија“, велат од министерството.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи