Почетна
Македонија

ЕСМ: Ажурираме податоци на вработени, платите ќе се исплатат во законскиот рок

АД ЕСМ вели дека верификувањето на над 140 промени на лични податоци бара дополнително време, платите ќе ги добијат во законскиот рок.

·Македонија
ЕСМ: Ажурираме податоци на вработени, платите ќе се исплатат во законскиот рок

АД ЕСМ соопшти дека платите на вработените ќе бидат исплатени во законскиот рок, откако СДСМ обвини дека исплатата на октомвриските плати во некои државни институции, меѓу кои и најголемата енергетска компанија, е доцнета и дека работниците добиле СМС пораки да бидат трпеливи.

Компанијата го образложи причината за техничкото одложување

„Тековните административни усогласувања во компанискиот систем за исплата на личниот доход се должат на едновремените барања од над 140 вработени за ажурирање и промена на нивните лични податоци. Тоа наметна потреба од дополнително време за нивна техничка обработка и верификација до 6 ноември, со цел да се обезбеди сигурна и точна распределба на средствата“, велат од АД ЕСМ.

Во соопштението компанијата посочува дека нејзиното работење во последните две години е подложено на интензивна финансиска и техничко-технолошка консолидација, која, како што велат, не треба да се поврзува со државниот буџет, бидејќи средствата за плати ги обезбедува самостојно, без субвенции, за разлика од периодот 2021–2024 година.

АД ЕСМ предупредува и на обиди за политичко вмешување: „Компанијата најостро ги осудува обидите на одредени политички партии за саботажа на енергетскиот сектор односно преку тенденциозно и лицемерно користење на вонредните административни прилагодувања – да создаваат лажен наратив и да внесуваат немир помеѓу вработените.“ Во соопштението се додава дека е започнат процес за зголемување на платите согласно неодамна потпишаниот Колективен договор со репрезентативните синдикати, дека регресот за годишен одмор за 2026 година бил исплатен во 100 проценти на почетокот на јули и дека во последните две години декемвриската плата била исплатена пред почетокот на новогодишните празници.

Од СДСМ денеска тврдат дека исплатите на октомвриските плати во државните институции задоцниле, вклучувајќи го и АД ЕСМ, и дека вработените кои вообичаено примале плата до петти во месецот добиле пораки да чекаат. Опозицијата додава дека од неколку општини пристигнале реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања.

Во писменото соопштение АД ЕСМ повторува дека платите ќе бидат исплатени во законскиот рок додека трае процесот на верификација на ажурираните податоци на вработените.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи