Почетна
Свет

ЕУ чека „Да“ од Исланд на референдумот викендов

Брисел пресметува дека позитивен исход во Исланд би бил и симболичен и геополитички важен, и најавува флексибилност по спорните прашања како риболовот.

·Свет
ЕУ чека „Да“ од Исланд на референдумот викендов

Исланѓаните викендов ќе одлучуваат дали да ги обноват претпристапните преговори со Европската унија; во Брисел јавно изразуваат надеж за позитивен исход и најавуваат подготвеност на отстапки особено по прашањето на риболовот.

Исланд, остров со околу 400 илјади жители, веќе е тесно поврзан со Унијата: земјата учествува во внатрешниот пазар на ЕУ, плаќа во европската каса слично како Норвешка и е дел од Шенген-зоната. Во области како демократијата, владеењето на правото и зелената енергија, Исланд во голема мера е усогласен со европските норми.

Од прекинат процес до потенцијален исклучок

За ЕУ пристапувањето на Исланд би имало симболично и практично значење: Хрватска останува последната држава што се приклучи — пред 13 години — а процесите на проширување на други места, особено со Западниот Балкан, се одолговлекуваат. Ако Исланд тргне напред, би бил прв западноевропски член во повеќе од три децении, што би ја зацврстило заедницата на вредности и би ѝ дало геополитичка важност на Унијата.

Ветерани во институциите на ЕУ веќе предупредуваат дека врата кон пристап може да се отвори повторно и по нејзин прекин: на 12 јуни 2013 година Штефан Филе беше разочаран. "Ја почитуваме одлуката на   Исланд да ги прекине претпристапните преговори",   вели во тоа време ресорниот еврокомесар за проширување на ЕУ. Тој сепак вели и дека нема сомнеж оти во секое време може повторно да се отпочне процесот - со оглед на сите дотогашни искуства и веќе постигнати договори. "Ако Исланѓаните се решат да се надоврзат на ова, ќе постигнеме договор што ќе ги удостои и исландските особености и европските принципи", беше уверен Филе тогаш.

Марта Кос, актуелната еврокомесарка за проширувањето, повикува на прагматичност. Во интервју за исландското радио таа истакна дека Исланд е особено усогласен со ЕУ и дека пристапувањето, доколку народот го избере тоа, би било поинакво од процесите кај другите кандидати: „Ако народот се одлучи да продолжат со   процесот на пристапување,  тоа ќе биде поинаква ситуација отколку со било која друга земја-кандидат. Никогаш до сега не сме имале толку усогласена земја“, вели Кос. Таа исто така нагласи дека локацијата и геополитичката состојба на Исланд може да придонесат за безбедноста на ЕУ: „Знаете што значи да се биде таму горе, соочен со – ајде да кажам - различни влијанија во околината. Со тоа може да се придонесе и за безбедноста на ЕУ“, им порача Кос на Исланѓаните.

Најтешкото поглавје најверојатно ќе биде риболовот. Кос го признава значењето на темата за исландското живеење и идентитет: „Свесни сме за важноста на риболовот за Исланд и не само за вашиот просперитет, туку и за вашиот живот како заедница, за вашиот идентитет“ вели таа и потенцира дека „убавината на ЕУ е во тоа што е способна да решава невозможни проблеми“. Во Брисел сега подготвуваат опции за компромис доколку гласачите викендов дадат поддршка за продолжување на преговорите.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи