Почетна
Свет

ЕУ воведе регулатива за пакувања — обврзува рециклирање и поставува цел за 2040

Регулативата стапува во сила на 12 август 2026; главните мерки за потрошувачите ќе почнат да важат од 2030, со цел намалување на отпадот до 2040.

·Свет
ЕУ воведе регулатива за пакувања — обврзува рециклирање и поставува цел за 2040

Регулативата на Европската Унија која предвидува постепено исклучување на пластичните и преголемите пакувања стапува во сила на 12 август 2026 година, со цел да се смени начинот на пакување на секојдневните производи низ земјите-членки.

Одговорните лица предупредуваат дека многу од клучните новини кои ќе ги почувствуваат потрошувачите и трговците нема да важат веднаш, туку ќе почнат да се применуваат од 2030 година, оставајќи време за прилагодување на бизнисите и синџирите на снабдување.

Податоци на Евростат и целта за 2040

Според податоците на Евростат, во 2023 година еден жител на ЕУ во просек создал 177,8 килограми отпад од пакувања. Новите правила треба да обезбедат постепено намалување на овој отпад, со цел тој да биде за 15 проценти помал во 2040 година споредено со 2018.

Во согласност со регулативата, сите пакувања што ќе се пуштаат во промет во иднина ќе мора да бидат погодни за рециклирање. Исклучок се предвидени за одредени продажни пакувања, меѓу кои пакувања од лесно дрво, плута, текстил, гума, керамика, порцелан или восок.

Надлежните ги претставуваат мерките како долгорочна стратегија за намалување на влијанието врз животната средина предизвикано од еднократната и прекумерна употреба на пакувања, при што е оставен продолжен период за спроведување и усогласување.

Фото: ДПА

Поврзани написи