Почетна
Македонија

ЕУ воведува дополнителна такса за нарачките од Temu, Shein и AliExpress

Од 1 ноември ќе се наплатува дополнителна такса по различен артикал за нарачки од надвор од ЕУ, вклучувајќи Temu, Shein и AliExpress.

·Македонија
ЕУ воведува дополнителна такса за нарачките од Temu, Shein и AliExpress

Од 1 ноември, купувачите во земјите-членки на Европската Унија ќе плаќаат нова дополнителна такса за стоката нарачана онлајн од земји надвор од Унијата. Мерката директно ги опфаќа меѓународните платформи за купување како Temu, Shein и AliExpress.

Европската комисија ја воспостави оваа т.н. „такса за ракување“ со делегирана уредба, со цел да се покријат трошоците на царинските служби кои ги обработуваат масовните мали пратки што пристигнуваат на европскиот пазар.

Како се пресметува таксата

Според објаснувањата од царинските и даночните органи, давачката се плаќа по секој различен артикал во пакетот, а не по самата пратка. Ако во еден пакет има два исти производи, тоа ќе се смета за еден артикал; секој различен производ носи дополнителен трошок. Дополнително, таксата ќе важи и за пратки чија вредност надминува 150 евра — прагот што претходно беше предмет на стандардни царини, но не и на оваа дополнителна давачка.

Иницијално, примател на обврската за плаќање се компаниите кои поднесуваат царински декларации — односно самите платформи, продавачите или курирските служби. Доколку продавачот одлучи да го префрли трошокот, купувачот ќе го плати нарачката веднаш или кај курирот при преземање.

Таксата се додава на веќе постоечките царини кои се наплаќаат од јули. Купувачите нема да добијат поврат на оваа давачка дури и ако стоката е вратена или оштетена. Исклучок од мерката се производите кои во моментот на купување веќе се наоѓаат во складишта во ЕУ.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи