Еве што прави Наташа среде ноќ на јахта — скокна во море
Пејачката вечерва фрли совршен скок на глава од луксузна јахта додека уживаше на крстарење во Грција.

Балканската поп-ѕвезда Наташа Беквалац заедно со својата сестра Кристина споделуваат фотографии од луксузен одмор во Грција што многу брзо ја разгореа фантазијата на следбениците.
Ноќен скок од јахтата
Двете дами од Нови Сад се на крстарење со мега-луксузна јахта и во своите најнови објави позираа на самиот раб на бродот во модерни костими за капење, привлекувајќи големо внимание.
Наташа заблеска во привлечен син дводелен костим со марама кој ја истакна нејзината витка линија и исончан тен, додека Кристина се појави во бела комбинација со лесна летна наметка.
Во опис на една од фотографиите, Наташа напиша: „Сестринска моќ!“, кратка порака што го нагласи блискиот однос меѓу сестрите.
Кога падна ноќта, атмосферата на јахтата се опушти уште повеќе. По зајдисонцето, музиката и пријатното друштво, Наташа без двоумење се фрли со совршен скок на глава од јахтата директно во морето.
Снимката од нејзиниот ноќен скок брзо се прошири по социјалните мрежи и стана вирална, предизвикувајќи лавина од позитивни коментари и восхит за нејзиниот слободен дух. Иако двете се во петтата деценија од животот, сестрите Беквалац уште еднаш покажаa дека годините се само бројка и дека со својот шарм доминираат каде и да се појават.
Фото: прес-материјал од настанот