Евро 2028 ќе остане во ист формат и со 24 учесници
Домаќини Англија, Шкотска, Велс и Република Ирска; натпреварите 9 јуни–9 јули 2028, квалификациите почнуваат март 2027.

Европското првенство во фудбал 2028 ќе се игра по иста шема како и претходните две изданија: 24 репрезентации поделени во шест групи по четири селекции. Натпреварите ќе се одржат во Англија, Шкотска, Велс и Република Ирска, на вкупно девет стадиони во осум градови.
Календар и места на натпреварите
Првенството ќе почне на 9 јуни 2028 година во Кардиф, а финалето е закажано за 9 јули 2028 година на „Вембли“ во Лондон. Натпреварите ќе бидат распореденитe меѓу деветте избрани аренi во осум градови.
Од квалификациската фаза директен пласман ќе обезбедат 20 репрезентации: победниците во 12-те квалификациски групи и осумте најдобро пласирани второпласирани селекции.
Домаќините нема да добијат автоматски учество. Англија, Шкотска, Велс и Република Ирска ќе играат во квалификациите, но за двe дополнителни места се резервирани најдвете најдобро рангирани домаќински репрезентации кои нема да обезбедат директен пласман.
Останатите места ќе се пополнат преку бараж: во него ќе учествуваат преостанатите второпласирани од квалификациите и најдобро рангираните селекции од Лигата на нации 2026/27 кои не обезбедиле место преку групите.
Квалификациите започнуваат во март 2027 година, а ждрепката за групите е закажана за 6 декември 2026 година во Белфаст. Во завршницата, првите две селекции од секоја група и четирите најдобри третопласирани ќе влезат во осминафиналето, по што следи класичната елиминациска низа до финалето на „Вембли“ на 9 јули.
Фото: прес-материјал од настанот


