Евролигата ја одби првата понуда од НБА, но останува планот за 24 тима
На состанокот во Чернобио на 06.10.2026 сопствениците одобрија преформатирање на 13 акционерски клубови во франшизи и продолжување на процесот за избор на дополнителни осум тимови.

На состанокот на сопствениците на Евролигата во Чернобио (Комо) на 06.10.2026 сопствениците ја потврдија одлуката за проширување на натпреварувањето на 24 тима почнувајќи од сезоната 2027/28, но првата понуда за соработка од НБА беше одбиена.
Што донесе состанокот
Клубовите договорија трансформација на сегашните 10-годишни лиценци на тринаесетте акционерски клубови во постојани франшизни позии. Тринаесетте клубови кои добија статус на франшиза се: Анадолу Ефес Истанбул, Басконија Виторија-Гастејз, ЦСКА Москва, Армани Олимија Милано, ФК Барселона, ФК Бајерн Минхен, Фенербахче Истанбул, ЛДЛЦ АСВЕЛ Вилербан, Макаби Тел Авив, Олимпијакос Пиреја, Панатинаикос Атина, Реал Мадрид и Жалгирис Каунас.
Сопствениците ја потврдија и намерта да го проширaт натпреварувањето со уште осум франшизи покрај тринаесетте сегашни акционери, со цел вкупно 24 тима во сезоната 2027/28. Управниот одбор е задолжен да ги продолжи проверките на пристигнатите понуди и да достави конечна препорака за одобрување во наредните недели.
Според информации кои беа споделени на состанокот, предлогот на НБА се однесувал на сегашните акционери и не доби поддршка од ниту еден акционер во Комо. Присутните нагласија дека одбивањето на оваа понуда не значи затворање на можноста за идни преговори.
Во меѓувреме, НБА е подготвена да формира своја лига од 16 тима, често нарекувана „НБА Европа“, за сезоната 2027-2028 доколку соработката не успее. Такво разделување би можело да предизвика долга финансиска и правна битка за европскиот пазар на клубска кошарка.
Клубовите информираа дека наскоро ќе биде свикан нов состанок на кој треба да се потврдат дополнителните франшизи и да се гласа по конечната препорака на Управниот одбор, а рокот ќе зависи од резултатот од таа проверка.
Фото: прес-материјал од настанот


