Почетна
Македонија

Европската комисија не ги менува правилата за престој во Шенген зоната

Портпаролот Маркус Ламерт потврди дека правилото 90/180 останува, додека превозниците најавуваат блокади на 14ти септември.

·Македонија
Европската комисија не ги менува правилата за престој во Шенген зоната

Европската комисија останува цврста во својата политика и не планира измени на правилата кои го ограничуваат престојот во Шенген-зоната, што остава неизвесност за македонските и регионалните превозници кои бараат подолги ротации во земјите од зоната.

На редовната прес-конференција портпаролот Маркус Ламерт потенцираше дека институцијата е свесна за потребите на одредени експерти од трети земји, но дека основното правило 90 дена во период од 180 дена останува: "Свесни сме дека за одреден број експерти од трети земји кои не се прекугранични работници, потребно е да имаат пристап до Шенген зоната повеќе од 90 дена во период од 180 дена. Ова важи за професии кои бараат висок степен на мобилност, како што се возачите на камиони, но и спортистите и уметниците на турнеи", изјави.

Реакција на Владата и предлог-решенија

Министерот за транспорт Александар Николовски рече дека Брисел не одговорил негативно и изрази уверување дека практично решение е блиску. Тој ги посочи двете насоки кои ги смета за изводливи: признавање на превозниците како професионалци во новата визна стратегија на ЕУ и билатерални договори за долгорочни работни визи. "Мислам дека решението на ова прашање е во две насоки. Прво, Европската унија во својата нова визна стратегија ги препозна превозниците како професионалци, и второ дека, един ственото решение се билатерални договори за долгорочни работни визи кои што ние веќе ги имаме склучено и ги склучуваме, и тоа е единственото можно решение.", изјави Николовски.

Проблемот ги мачи превозниците веќе неколку месеци. Пред неколку дена тие одржаа предупредувачки протест пред седиштето на Делегацијата на ЕУ и порачаа дека ќе ја засилат акцијата — доколку не се најде решение за нивниот престој во земјите од Шенген-зоната, се подготвени да ги блокираат граничните премини на 14ти септември.

Идентични протести се одржаа и пред зградите на делегациите на ЕУ во Сараево, Белград и Подгорица, што укажува дека прашањето ги засега превозниците во целиот регион.

Во меѓувреме, останува јазот меѓу официјалната позиција на Брисел и практичните потреби на професиите со висок степен на мобилност; македонската влада продолжува да бара билатерални решенија додека превозниците ги оспоруваат ограничувањата преку протести и предупредувања на терен.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи