Почетна
Свет

Европската унија предлага промени во процесот на проширување, Кос најави 'нов хелсиншки момент'

Комесарката Марта Кос го претстави предлог‑пакетот за ревизија на методологијата: постепена интеграција, построга проверка и заштитни мерки против повлекување од демократските стандарди.

·Свет
Европската унија предлага промени во процесот на проширување, Кос најави 'нов хелсиншки момент'

Европската комисија го предложи пакетот за реформа на процесот на проширување на ЕУ, со предлози за постепена интеграција, построга проверка на кандидатите и нова методологија за пристапување, објави еврокомесарката за проширување Марта Кос на Конференцијата на хрватските амбасадори во Загреб.

Што содржи ревизијата и кога доаѓа

Кос посочи дека иницијативата го оживува долго одложуваното ревидирање на политиката пред пристапување, во пресрет на дебатата меѓу лидерите на ЕУ што е најавена за октомври. Предложените промени треба да го преиспитаат начинот на функционирање на Унијата со над 30 членки и да им обезбедат на кандидатите опипливи придобивки порано во процесот.

„Светот се промени. И проширувањето мора да се промени со него“, рече Кос во Загреб, нарекувајќи ја иницијативата „нов хелсиншки момент“ — алузија на собирот што по Студената војна отвори простор за претходни бранови на проширување.

Таа нагласи дека поголемата Унија ќе има потреба од институционални прилагодувања за да остане способна брзо да дејствува и да се прилагодува во кризи, и предложи поедноставување и флексибилност во донесувањето одлуки. „Треба да го искористиме ова за да го направиме процесот на донесување одлуки поедноставен и пофлексибилен. Ова би можело да значи и намалување на бројот на области каде што една членка може да ги блокира сите други. Тоа НЕ би можело да значи и намалување на нашите институции“, рече Кос.

Комесарката посочи и потреба од зајакнати заштитни механизми за да се спречи повлекување од демократските стандарди и владеењето на правото — референца на искуства со некои земји-членки. „Мора да се осигуриме дека нема да дозволиме тројански коњи да влезат во ЕУ. Ниту денес, ниту за 10 или 20 години. Неодамнешното искуство покажа дека можеби ќе бидат потребни посилни заштитни мерки за да се спречат и, доколку е потребно, да се исправат кршењата на основните принципи и вредности на Унијата“, предупреди таа.

Неколку членки, особено Франција и Германија, веќе повикаа на преиспитување на методологијата и на модел на постепена интеграција што би понудил конкретни придобивки порано во процесот. „Проширувањето на ЕУ треба да еволуира за да одговори на реалноста на денешнината. Затоа мора да се оддалечиме од логиката ‘сè или ништо‘ во проширувањето. Треба да бараме поамбициозни начини за постепена интеграција“, заклучи Кос.

Фото: Фејсбук)

Поврзани написи