Европски куп во џудо Скопје 2026: 439 џудисти ќе настапат во „Јане Сандански”
Турнирот за сениори на 19 и 20 септември носи бодови за Олимписките игри, а влезот за публиката е бесплатен.

Со затворањето на листата на учесници, Скопје се подготвува да го пречека Европскиот куп во џудо за сениори – Скопје 2026, што ќе се одржи на 19 и 20 септември 2026 година.
Потврдени се учество на 439 џудисти од 42 држави од четири континенти. Натпреварите ќе се одвиваат во салата „Јане Сандански“ двата фестивални дена, со почеток од 9:00 и завршеток околу 19:00 часот, а влезот за публиката е бесплатен.
Свечено отворање и официјални гости
Свеченото отворање е закажано в сабота во 16:00 часот, кога се очекува присуство на први лица од европското џудо и претставници на земјите учеснички. Турнирот е во рамките на европската куп-лига за сениори и ќе носи бодови важни за квалификации за Олимписките игри.
Претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпановски, истакна: "Ние сме максимално подготвени да го продолжиме континуитетот на успешно организирани врвни џудо натпреварувања. Како резултат на досегашните високи оценки за нашата организација ја добивме привилегијата да го организираме и овој куп кој ќе биде најмасовен досега во рамките на ова натпреварување во било која европска земја. Да потсетам уште еднаш дека своето доаѓање го најавија најдобрите европски и светски џудисти, бидејќи резултатите ќе се бодуваат и за Олимписките игри, така што очекуваме едно врвно натпреварување."
Европскиот куп го носи тоа име затоа што се одржува на територијата на Европа, но право на настап имаат и џудисти од сите континенти. Организаторите најавуваат голем интерес на публиката, особено поради бесплатниот влез и значењето на бодовите.
Фото: прес-материјал од настанот


