Евростат: Ирска предводи по млади дипломирани, Романија на дното
Уделот на млади со високо образование расте; жените (50,5%) ги надминуваат мажите (39,3%) во 2025 година.

Уделот на млади луѓе на возраст од 25 до 34 години кои имаат високо образование се зголеми во Европската унија — од околу 27 проценти во 2005 година на приближно 45 проценти во 2025 година.
Во групата млади настави доминацијата на жените: минатата година 50,5 проценти од жените на таа возраст имале универзитетска диплома, додека кај мажите тој удел бил 39,3 проценти.
Кои држави се на врвот, кои на дното
Најголем удел млади со факултет имало во Ирска — околу 67 проценти во 2025 година, потоа следуваат Луксембург со 65 проценти и Литванија со 61 процент. Просекот за ЕУ беше околу 45 проценти.
За споредба, Франција имаше 56 проценти, Швајцарија 51 процент, а Турција 45 проценти. Во поширокиот европски простор помали стапки пријавија Словенија 43 проценти, Хрватска 42 проценти, Германија 41 процент и Србија 37 проценти.
Унгарија бележи 33 проценти, Италија околу 31 процент. Во Босна и Херцеговина уделот изнесувал 27,5 проценти, додека Романија имаше најниска стапка меѓу земјите од ЕУ — само 23 проценти.
Фото: прес-материјал од настанот


