Почетна
Магазин

Филип Стојковски ги растури сцена на „Ѕвездите на Гранд“ со стари македонски песни

33-годишниот Филип доби и повлечени гласови, а на крајот Снежана Ѓуришиќ беше именувана за негов ментор.

·Магазин
Филип Стојковски ги растури сцена на „Ѕвездите на Гранд“ со стари македонски песни

33-годишниот Филип Стојковски од Куманово ги воодушеви жирито и публиката во емисијата „Ѕвездите на Гранд“ со изведби на стари македонски песни, меѓу кои и „Лична Јовано“ од Наум Петрески, како и дела поврзани со Пепи Бафтировски.

Настапот со „Лична Јовано“ му донесе и седми глас од Дара Бубамара, што обично значи директен пласман и право на избор на ментор. Но подоцна Дара го повлече својот глас, а истото го направи и Мили, со што се одрекoa од можноста да бидат негови ментори и Филип остана без можност да избере сам.

По гласањето, Дара рече: "Мене ми се допадна. Сјајна боја, одличен настап, одлично изгледаш, така што сé се вклопува со овој наш проект. Јас од срце ти честитам и многу ми е жал што овие двајца ги повлекоа гласовите, од причина што требаше да го бираш својот ментор, тоа е најмалку што може да ти го пружиме со овие седум гласови".

Реакции од жирито и избор на ментор

По настапот Цеца ѝ порача на Филип: "Во секој случај, добре дојде во јатото на Гранд, мислам дека твоето место е тука".

Снежана Ѓуришиќ изјави дека е пресреќна што Филип отпеал две преубави стари македонски песни, бидејќи, според неа, тие покажуваат дека тој се занимава со музика, дека слуша и работи со музиката, а не само ја пее: "И ако знаеш ова да го пееш, сигурно знаеш и се друго", по што Филип ѝ се заблагодари за коментарот.

На крајот на емисијата директорот на „Гранд“ откри дека ментор на Филип ќе биде Снежана Ѓуришиќ. Надвор од шоуто, Филип настапува со својот бенд во локални музички места низ Македонија; пред нешто повеќе од една година ги изненади сите со својата обработка на популарната македонска песна "Зајди, зајди".

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи