Почетна
Политика

Филипче од Свети Николе: Криминалната власт на ВМРО ги остави граѓаните без помош, извисени се земјоделците

Претседателот на СДСМ повика на прифаќање на предлогот за 600 евра минимална плата и финансиска поддршка за земјоделците.

·Политика
Филипче од Свети Николе: Криминалната власт на ВМРО ги остави граѓаните без помош, извисени се земјоделците

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Свети Николе ги обвини владините структури поврзани со ВМРО дека среде криза ги оставиле граѓаните без соодветна помош и дека земјоделците останале извисени.

Филипче оствари средби со граѓани и со земјоделци од регионот, на кои ги слушаше нивните извештаи за секојдневните проблеми и трошоци со кои се соочуваат семејствата и фармите.

„Граѓаните ги споделуваат со нас секојдневните проблеми огромни, натрупани, без никаква грижа и помош од власта. На огромни трошоци за горивото коешто достигна и 105 денари за литар, нема никаква помош за ниту една критична категорија на граѓани на коишто им е навистина потребна. Пензионерите се со најмалите пензии, социјалните случаи, семејствата со многу деца и луѓето со минимална плата“, рече Филипче.

Предлози во Собранието: 600 евра минимална плата и поддршка за земјоделството

Тој нагласи дека СДСМ во Собранието веќе поднела низа мерки, меѓу кои предлог за зголемување на минималната плата на 600 евра и предлог за финансиска поддршка на земјоделците погодени од кризата, и побара од власта да ги разгледа и да одговори на барањата на граѓаните.

„Разговаравме за нашите предлози во Собранието, предлог Закон за зголемување на минималната плата од 600 евра и предлог Закон за поддршка финансиска во оваа криза во која се наоќа земјоделството, за што се надевам дека оваа ненародна, криминална, корумпирана и антимакедонска власт навистина ќе излезе во пресрет и ќе даде поддршка, односно дека барем еднаш во овој изминат период ќе го слушне гласот на народот“, додаде Филипче, повикувајќи ја власта да постапи.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи