Почетна
Македонија

Филипче удира по платформата 12 и 05, тие враќаат: „Манипулации!“

По состанокот на платформата 12 и 05 — на кој присуствуваше и Левица — Филипче ги обвини учесниците дека служат на ВМРО‑ДПМНЕ; платформата ги отфрли обвинувањата.

·Македонија
Филипче удира по платформата 12 и 05, тие враќаат: „Манипулации!“

Венко Филипче со име и презиме го посочи дел од своето партиско опкружување, тврдејќи дека тие сакаат да ја нарушат хомогеноста на СДСМ и ги означи како „шемаџии“ од говорницата, повикувајќи ги да објаснат зошто заземаат принципиелни ставови по вчерашниот состанок што го иницираше платформата 12 и 05, на кој присуствуваше и претставник на Левица.

Реакции по состанокот на 12 и 05

Филипче ги нарече присутните „сателити“ на владејачката ВМРО‑ДПМНЕ и не пропушти да потсети што добивале во времето кога СДСМ беше на власт, а на кое, според него, сега и го вртат грбот. На прес-конференцијата собра дел од раководството и публика на која се поведе дискусија за наводните проблеми во партијата.

Платформата 12 и 5 бргу одговори преку Facebook-статус, почнувајќи со: „Ја разбираме денешната нервоза, но вакви манипулации нема да одмолчиме ."

Во објавата платформата го оспори дометот што Филипче му го припишува на себе: „Со сите притисоци врз членовите, тој на прес конференцијата собра половина раководство и стотина луѓе во публика. Тоа е помалку од еден процент од гласовите кои наводно ги освои на внатрепартиските избори."

Од платформата посочија и контраобвинувања: во централниот одбор на Филипче, велат, седи Рубин Земон, кој, како што наведуваат, оспорува историски личности. Платформата истакна дека, иако има „многу разлики“ со Левица по низа прашања, се согласуваат за едно: "на ти - дај ми" тандемот Мицкоски - Филипче мора да бидат поразени.

Одговор до Филипче пристигна и од владејачката ВМРО‑ДПМНЕ, која му порача дека таква СДСМ е по негова вина и дека ако не може да се справи со своето членство, како би можел да носи државнички одлуки. Сето ова следува по лавина реакции во јавноста по вчерашниот состанок на платформата, на кој се собрани поранешни и актуелни членови и функционери, а меѓу поканетите беше и претставник на српската партија, како и Амар Мециновиќ.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи