Почетна
Македонија

Физибилити студија за административна зграда ги скара советниците во Општина Тетово

Опозицијата вели дека планот ја загрозува јавната сопственост, градоначалникот тврди дека пожарната ќе остане и ќе добие подобри услови.

·Македонија
Физибилити студија за административна зграда ги скара советниците во Општина Тетово

Физибилити студија за изградба на административно‑комерцијален објект со приватен партнер предизвика расправија меѓу советниците во Советот на Општина Тетово. Опозицијата побара да не се продолжи со расправа поради, како што тврдат, штета за јавниот интерес.

Спорни локација и начин на плаќање

Студијата предвидува нови згради да се градат на локацијата каде сега е објектот на противпожарната единица во Тетово. Иако во текстот е наведено дека општината би добила 60% од проектот, голем дел од тој удел всушност треба да се обезбеди со јавни средства.

„Според математиката во физибилити студијата општината на почеток има право на 15%, од тие 60 % и другите 45%, треба да ги купи од инвеститорот за сума од 7,7 милиони евра, што треба да ги плати во рок од 5 години. Мислам дека е крајно неприфатливо јавен простор што е на граѓаните на Тетово да се остави на инвеститорот, да прави што сака,” изјави Агрон Арифи, „Подобро за Тетово”.

Градоначалникот Биљал Касами го опиша документот како сет предлог‑решенија за просторот на општинската администрација и јавните претпријатија и тврди дека пожарната би останала на истата локација, но со подобри услови.

„Денес ја отвораме дебатата, ќе продолжиме понатаму, се додека не ја исцрпиме, ние нема што да криеме, ние сме заинтересирани до крај да дебатираме затоа што цениме дека е еден од највголеми проекти за Тетово покрај другите милионски проекти,” рече Касами.

Спорот во Советот се случува додека веќе е во тек друг општински градежен проект: во март годинава започна изградба на триспаен објект од три ката за општинската администрација, за што се предвидени 1,5 милиони евра.

Автор: Александар Самарџиев

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи