Флик: Тоа што загубивме од ПСЖ и Реал не менува ништо, продолжуваме во ист ритам
Флик ги коментираше поразите и повредите, и нагласи дека трите бода против Алавес се најважни.

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, денеска на прес-конференцијата пред домашниот натпревар со Алавес се осврна на двете последователни порази – од ПСЖ во Лигата на шампионите и од Реал Мадрид во „Ел Класико“.
На почетокот од појавувањето пред новинарите Флик упати сочуство до жртвите од железничката несреќа во Толедо: „Во име на нашите играчи, нашиот персонал и мое име, им изразуваме најдлабоко сочувство на сите погодени од оваа трагична железничка несреќа во Толедо. Стоиме зад овие семејства, испраќајќи им ја целата наша позитивна енергија и целата наша љубов.“
Поразите не ја менуваат насоката
Во однос на резултатите, Флик порача дека поразите немаат да го променат курсот на тимот: „Ова е она што отсекогаш сум го кажувал, патот е многу долг. Ништо не е загубено, поразени сме од Реал Мадрид, и никому не му се допаѓа тоа, но мора да се соочиме со тоа и, како што реков пред малку, тој меч мислам дека можевме да го добиеме според создадените шанси. Но, мора да го прифатиме поразот и да учиме од него. Имаме повредени играчи надвор од составот, Жил, Чави Еспарт, Олмо, Ерик Гарсија, Кристенсен … не е лесно да се справиме со ова и мора да најдеме решенија. За утре, работите се јасни, трите бода се најважни“.
Тренерот нагласи дека клубот треба да ја задржи долгорочната перспектива и да бара практични решенија за да се справи со кадровските проблеми.
Во фокусот на Барселона сега е натпреварот со Алавес на домашен терен, каде приоритет останува освојувањето на трите бода за враќање на ритамот по дуелите со големи ривали.
Фото: прес-материјал од настанот


