Фудбалер на Васко де Гама уапсен на тренинг поради врски со мафија
Давид Кореа да Фонсека е приведен при полициска акција поврзана со „Командо Вермело“; Васко де Гама соопшти дека му помага правниот тим.

Играчот на Васко де Гама, Давид Кореа да Фонсека, е приведен на 26 ноември 2026 година во тренинг базата на клубот поради основани сомненија за врски со организиран криминал и нелегални активности.
Акција поврзана со „Командо Вермело“
Апсењето се случи како дел од голема полициска операција насочена против криминалната група „Командо Вермело“. За време на истата издаден е и налог за играчот на Вила Нова, Хајнер. По информациите од истрагата, за двата фудбалери постојат сериозни индиции дури и за вмешаност во убиства.
Името на Давид се појавило во прислушувани разговори со неговиот пријател од детството, Руан Круз, кој е на судење за обид за убиство во 2024 година. Васко де Гама соопшти дека му обезбедиле на играчот помош од правниот оддел и дека го следат развојот на случајот.
Давид е во Васко де Гама од 2024 година, а оваа сезона има шест гола и три асистенции на 46 натпревари во сите натпреварувања.
“⚠️🇧🇷 LA POLICIA FUE A BUSCAR A DAVID, JUGADOR DE VASCO, MIENTRAS ENTRENABA. Informan que es investigado por intento de homicidio, tráfico de drogas y coacción. ⛔️ https://t.co/rbWbvMkxxu — Sudanalytics (@sudanalytics_) November 26, 2026”
Претходно Фатмир Бафто е делегиран за дербито Тиквеш – Шкендија.
Фото: прес-материјал од настанот


