Почетна
Спорт

Габриел Мартинели на чекор до трансфер во Саудиска Арабија

Ал Хилал преговара со Арсенал за 25-годишниот Бразилец; понудата се движи околу 40 милиони фунти.

·Спорт
Габриел Мартинели на чекор до трансфер во Саудиска Арабија

Габриел Мартинели е на прагот да го напушти Арсенал и да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија – Ал Хилал и Арсенал веќе се во преговори за евентуален трансфер (25.08.2026 14:25). ФОТО: Arsenal/FB

25-годишниот Бразилец не настапи на последните два натпревари на „топџиите“ — во триумфот над Манчестер Сити во Суперкупот и во победата од 3-0 против Ковентри во Премиер лигата.

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, имал разговори со Мартинели за неговата иднина во клубот, а клубот ја разгледува можноста за договор што би му овозможил на напаѓачот да замине во тековниот преоден рок.

Според објавените информации, Ал Хилал сериозно го следи Мартинели и е подготвен да понуди околу 40 милиони фунти за неговите услуги. Саудискиот клуб исто така ја следи состојбата околу напаѓачот на Астон Вила, Оли Воткинс.

Мартинели има одиграно речиси 300 натпревари за Арсенал во своите седум сезони на „Емирати“. Неговиот договор истекува на крајот од следната сезона. Минатата сезона постигна 11 гола во сите натпревари, од кои само два во Премиер лигата.

Автор: Zoran Gjorshoski.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи