Почетна
Македонија

Газда Деко може да излезе од Шутка — рокот за притвор истекува во петок

Предметот е во Обвинителството; по 3 октомври нема можност за ново продолжување, одбраната понуди гаранција во имот.

·Македонија
Газда Деко може да излезе од Шутка — рокот за притвор истекува во петок

Предметот за притворот на Дејан Јованов Деко се уште е во Обвинителството и не е вратен со мислење или нивна одлука до Кривичниот суд Скопје, изјави денеска претседателката на судот Даниела Димовска на брифинг со новинари.

Димовска посочи дека рокот за определување притвор за првообвинетиот за трагедијата во кочански Пулс "истекува во петок" и дека "после 3-ти октомври нема законска можност за ново продолжување на притворот за Јованов – Деко", по што обвинителството може да побара поблаги мерки за обезбедување.

Од Обвинителството велат дека јавноста ќе биде известена кога ќе донесат одлука. Одбраната на газда Деко понуди гаранција во имот како дополнителна потврда дека тој нема да бега. Но, додека предметот е кај обвинителите, судот не може да донесе никакво решение.

Во еден од поврзаните предмети се истражува улогата на Драган Паунов, вработен во УЈП и брат на Димовска. На прашање за јавната перцепција дека нејзината функција би можела да влијае врз случајот што се води во скопскиот суд, Димовска нагласи дека за тој конкретен предмет надлежен е друг суд и друго обвинителство и дека таа не учествува во нивните постапки.

„Брифингот е да дадам информации за работата на овој суд (Кривичен суд Скопје) и не може да давам податоци за судот или обвинителството во Кочани. Точно е дека има перцепција дека може позитивно да влијаам, меѓутоа мојата функција колку носи пријатели толку носи непријатели. Така да не би знаела во каква состојба се наоѓа мојот брат поради мојата функција“, рече Даниела Димовска, претседателка на Кривичен суд Скопје.

Текот на главната расправа

Претседателката на судот информира дека за предметот „Пулс“ до сега се одржани 49 рочишта, при што ниту едно не било одложено. Изведувањето на докази од страна на обвинителството е завршено, а одбраната ќе почне со изведување докази за 34 обвинети од утре.

Димовска рече дека одбраната предложила вкупно 244 сведоци — околу пет пати повеќе од бројот предложен од обвинителството.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи