Почетна
Свет

Генерал: Нашата војска мора да се подготви за борби и околу Месечината

Ден Кејн кажа дека САД треба да се приспособат за операции во вселената откако признаа дека распоредиле оружје таму.

·Свет
Генерал: Нашата војска мора да се подготви за борби и околу Месечината

Највисокиот воен советник на американскиот претседател Доналд Трамп изјави вчера дека американските војници треба да се подготват за можни борби не само во Земјината орбита, туку и околу Месечината.

Генералот Ден Кејн, претседател на Здружениот генералштаб, го кажа тоа на конференција за воздухопловство, вселената и кибербезбедност, а забелешката дојде кратко откако САД за првпат признаа дека распоредиле оружје во вселената.

Вселенските сили се подготвуваат

Кејн рече дека армијата треба уште сега да се приспособи за да биде „подготвена да се бори, да издржи и да победи – од морското дно до просторот меѓу Земјата и Месечината“.

Вселенските сили на САД, најновиот огранок на американската војска формиран од Трамп во 2019 година, веќе се подготвуваат за операции во вселената и околу Месечината, изјавија високи офицери на конференцијата.

„Човештвото напредува сè подлабоко во вселената, а задачата на Вселенските сили е да помогнат САД да бидат подготвени да ги бранат своите интереси“, изјави генерал-потполковник Грегори Гањон, командант на Командата за борбени сили на Вселенските сили. Тој додаде дека американската разузнавачка заедница јасно укажала оти потенцијалните противници се обидуваат да го прошират војувањето и во вселената.

„Нашите потенцијални противници, како Кина, активно спроведуваат активности во различни делови од вселената“, рече Гањон. Набљудувачите посочуваат дека ваквите изјави се во спротивност со долгогодишните меѓународни договори и разбирања дека вселената треба да се користи за мирољубиви цели и да остане немилитаризирана.

Фото: EPA-EFE/Isaac Fontana EPA-EFE/Isaac Fontana

Поврзани написи