Ѓоргиевски: Нема ешерихија коли во водата за пиење во Скопје
Градоначалникот го демантираше тврдењето за контаминација, го нарече ширењето на веста „рамен на терористички напад“ и побара интервенција од полицијата.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓоргиевски, попладнево одржа вонредна прес‑конференција во која ги демантираше тврдењата дека во водата за пиење во Скопје постои ешерихија коли или слична контаминација. Тој рече дека нема причина за загриженост и повика на воздржаност од паника.
„Ние имаме една од петте најдобри води и извори во Европа и одговорно тврдам и стојам позади тоа. Не сум монструм кој што ќе дозволи макар еден живот на моите сограѓани да биде загрозен“, рече Ѓоргиевски.
Опозицијата и ширењето паника
Градоначалникот оцени дека веста што се прошири претпладнево е организиран напад од, како што го формулира, „опозицијата генерално“ со цел да предизвика хистерија, паника и страв кај граѓаните — појавa што тој ја оцени како „рамен на терористички напад“.
„Од утринава се сублимираат сите профили, и лажните и оние приватни, а се припадници на опозициските партии и уредно во текот на денот од директорот на „Водовод и канализација“ ќе бидат доставени до министерството за внатрешни работи, каде што барам да се постапи соодветно против истите“, порача Ѓоргиевски.
Тој потсети дека надлежните служби постојано ја следат квалитетот на водата и дека јавното претпријатие за водоснабдување може да ги достави потребните анализи и податоци. Ѓоргиевски повика граѓаните да се информираат од официјални извори додека органите ја утврдуваат позадината на ширењето на дезинформациите.
Фото: прес-материјал од настанот