Почетна
Магазин

Ѓорѓе се извини што за македонската песна рече дека е стара бугарска

Членот на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ рече дека бил во заблуда, се извини до авторите и им се заблагодари на македонските слушатели.

·Магазин
Ѓорѓе се извини што за македонската песна рече дека е стара бугарска

Ѓорѓе Давид јавно се извини поради изјавата дека антологиската македонска песна „Дали чекаш стара мајчице“ била „стара бугарска песна“, по што рече дека бил во заблуда и им се заблагодари на оние кои го корегирале.

Рокерката ѕвезда и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ на социјалните мрежи објасни дека првпат ја слушнал песната во Бугарија и дека немал информација дека станува збор за македонска композиција.

Извинување и признание

Во обраќањето Давид јавно рече: „На секој жив човек може да му се случи грешка“ и појасни: „На сите од Македонија им се заблагодарувам што ми пишаа и што ми објаснија дека немам точна информација. Јас најпрво им се извинувам на браќата Барбаровски кои ја напишале оваа песна за која бев сигурен дека е обработка на бугарска песна“.

Тој дополнително изјави: „Имено, јас таа песна прв пат ја слушнав во Бугарија. И еве јас имам една информација која што вие не ја знаете, а тоа е дека таа песна е обработена од страна на еден пејач“ и потоа им се заблагодари на сите кои го предупредиле за вистинските автори.

Овој инцидент потсети на минатогодишниот случај со Светлана Цеца Раžнатовиќ во Велес, кога пејачката го зеде бугарското знаме и предизвика бурни реакции. По тоа, Цеца рече: „Навистина не знаев дека не се сакаат толку многу. Многу ми е жал ако повредив нечии чувства. Тоа апсолутно не ми беше намера“.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи