Ѓулшен Тунџер почина на 81 година
Фондацијата „Film-San“ соопшти дека Тунџер долго време се лечела од тумор на мозокот, по што следеле органски и респираторни компликации.

Почина турската актерска легенда Ѓулшен Тунџер (Gülsen Tuncer), на 81 година — веста за нејзината смрт ја објави фондацијата „Film-San“, соопштувајќи дека таа подолг период се борела со тешка болест.
Кариера што траеше преку половина век
Тунџер е родена во 1945 година во Адана и го завршила актерското образование на Драмскиот оддел при Градскиот конзерваториум во Истанбул. Нјзиниот професионален пат започнал во 1968 година со претставата „Zilli Zarife“ и од тогаш ѝ следело повеќе од половина век активна работа во театарот, на филмот и на телевизијата.
Фондацијата „Film-San“ соопшти дека глумицата долго време се борела со тумор на мозокот во четврта стадиум, а нејзиното здравје се влошило поради откажување на органите и респираторни проблеми.
Покрај улогите пред камерите и на сцената, Тунџер била и помошник-режисер на околу 40 филмски проекти, пишувала текстови за песни, се занимавала со сценографија и долго години предавала актерство и историја на театарот. Во своето творештво има над 300 театарски и филмски остварувања, вклучително и улоги во серии како „Госпоѓа Фазилет и нејзините ќерки“.
Во Скопје и на целиот Балкан таа најмногу ќе остане запаметена по ликовот тетка Арсен Зијагил во серијата „Притаени страсти“ (Aşk-ı Memnu), улога која ѝ донесе посебна наклонетост од публиката.
Фото: прес-материјал од настанот


