Почетна
Спорт

Главниот советник на Џани Инфантино, Карлос Кордеиро, поднесе оставка

Еден од најблиските соработници на претседателот на ФИФА се повлече поради спорниот предлог за приватизација на дел од Мундијалот.

·Спорт
Главниот советник на Џани Инфантино, Карлос Кордеиро, поднесе оставка

Еден од најблиските соработници на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, Карлос Кордеиро, си поднесе оставка и го напушти тимот, соопштија извори на 31.07.2026.

Причината, според Кордеиро, се најновите настани во организацијата и особено планот за продажба на делови од Мундијалот на приватни сопственици, што тој го категорично не поддржува.

Кој е Кордеиро

Карлос Кордеиро е поранешен претседател на американскиот фудбалски сојуз и е потпретседател на инвестициската банка "Goldman Sachs" — факти што ја зголемуваат тежината на неговата одлука да замине.

Иницијативата за промени во сопственичката структура на Мундијалот не доби поддршка од релевантните структури — вчера сите членки на УЕФА, меѓу кои и Македонија, колективно го одбија предлогот на Инфантино, што дополнително ги зајакна сомнежите и отпорот во рамките на фудбалската заедница.

За реномираниот англиски медиум, Кордеиро даде ексклузивна изјава во која јасно ја образложи својата позиција.

„Како сега веќе екс соработник со претседателот на ФИФа и негов советник, а воедно и доживотен заљубеник во фудбалот, не можам мирно да го гледам ова и како ФИФА сериозно размислува да продаде дел од Мундијалот. Сакам да потенцирам дека не бев дел од иницијативата за овој проект, и децидно се противам против него.Ова е лошо за членките на ФИФА, лошо за фудбалот, лошо за целата иднина на спортот“ – рече Кордеиро.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи