Годинава регистрирани 56 случаи на западнонилска треска, најмногу во Скопје
Институтот за јавно здравје: 52 потврдени и 4 веројатни случаи, најмногу во Кисела Вода и Гази Баба.

Во Северна Македонија годинава се евидентирани 56 случаи на западнонилска треска, повеќе отколку вкупниот број случаи во периодот од 2011 до 2025 година, се вели во последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Најзагрозен Скопскиот регион
Според податоците на ИЈЗ, 52 случаи се потврдени лабораториски, а четири се водат како веројатни. Петесет и четворица од заболениот се жители на Скопје, при што најголем број случаи се регистрирани во општините Кисела Вода и Гази Баба. По еден случај е пријавен во Велес и во Куманово.
Од вкупно 56 случаи, 55 се автохтони. Еден пациент имал историја на патување во Грција, но инкубацискиот период го опфатил и престојот во Македонија, стои во извештајот.
Податоците од ИЈЗ укажуваат на значително зголемување на активноста на вирусот во однос на претходните 15 години. Извештајот ја дава расподелбата по општини и статусот на случаите (потврдени/веројатни), без да го поврзува растот со еден конкретен фактор.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави денеска дека Министерството за образование и наука не доделило државна стипендија на синот на пратеникот Антонијо Милошоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со гласините дека синот добил стипендија за студии во Мадрид.
Исто така, Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струга против едно физичко лице и едно правно лице поради сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик.
Фото: прес-материјал од настанот


